И Русија ја призна Република Северна Македонија

1205

Русија ја призна денеска нашата држава под новото уставно име – Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

Во соопштението од руското МНР се нагласува дека на 18. февруари во руската Амбасада во Скопје е добиена нота од нашето МНР со кое се известува дека официјалното име на државата е променето во Република Северна Македонија.

– Руската Федерација ја призна таа држава под новото име – Република Северна Македонија, се нагласува во соопштението од руското МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...