И Роберт де Ниро на мета на бомбашите? (ВИДЕО)

– Ве молиме, избегнувајте ја областа и очекувајте полициско присуство и густ сообраќај - напиша њујоршката полиција на Твитер.

100

Њујоршката полиција денеска интервенирала во врска со информации за „сомнителен пакет“ пронајден на Менхетн, по серијата пакети бомби испратени до високи функционери демократи и критичари на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Ве молиме, избегнувајте ја областа и очекувајте полициско присуство и густ сообраќај – напиша њујоршката полиција на Твитер.

За сега не е познато дали инцидентот е поврзан со сомнителните пакети бомби што беа пресретнати во САД оваа недела, кои беа испратени до Хилари Клинтон и поранешниот претседател Бил Клинтон, поранешниот претседател Барак Обама, претставничката на Демократската партија од Калифорнија во Претставничкиот дом на Конгресот на САД Максин Вотерс, Си-Ен-Ен и други.

Ен-Би-Си Њуз, цитирајќи локален полициски службеник, јави дека денешниот пакет бил пронајден на локација поврзана со Роберт Де Ниро. Актерот, кој своевремено го критикуваше Трамп, е сопственик на ресторан во населбата Трајбека во Менхетн, каде што бил пронајден пакетот.

На телевизиските снимки се гледа големо присуство на полицијата во областа.

Де Ниро го опцу американкиот претседателот на национална телевизија за време на доделувањето на наградите Тони во јуни, а Трамп потоа го нарече 75-годишниот актер „поединец со многу низок коефициент на интелигенција“.

ФОТО: Видео

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...