И попладнево ќе истура дожд

483
20150617 Wednesday 1347 poroen dozd skopje letno nevreme leten dozd vremenska prognoza

Во текот на попладневните и вечерните часови, како и во текот на утрешниот ден, повторно се најавуваат поројни врнежи од дожд, на места и обилни со грмежи и можна појава на град.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), кај поголемите водотеци не се очекуваат појави на излевање на водата, додека кај помалите реки и суводолиците доколку во нивните сливови процесите бидат поинтензивни и со поголеми количини на дожд, можно е брзо зголемување на водостојот, а на места при силни интензивни врнежи можни се и локални излевања.

– Доколку во градските урбани средини нестабилноста биде изразена во форма на невреме, со дожд, ветер и  град, поради неможноста за впивање на водата и можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја, можна е појава на акумулурање и слевање на водата по градските улици и подвозниците. При појава на силен ветер можна е појава на бранови на природните езера во земјава – соопшти УХМР.

Оттаму препорачуваат граѓаните внимателно да се движат покрај помалите реки и суводолиците и да бидат претпазливи на сите места каде во текот на наредните два дена се највуваат поројни врнежи од дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...