И пол ќе се менува на државен трошок, веќе има еден заинтересиран

2147

На Универзитетската Клиника за детска хирургија ќе почнат да се вршат интервенции за промена на полот, за што е ангажиран проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ од Белград. Знам дека докторот веќе бил во контакт со едно лице кое е заинтересирано за оваа операција, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој присуствуваше на Национална конференција за „Унапредување на правата на ЛГБТ заедницата во Северна Македонија“, организирана од Министерството за труд и социјална политика и во соработка со Советот на Европа и по повод првата Парада на гордоста што ќе се одржи задутре во Скопје.

Министерот Филипче нагласи дека операциите за промена на полот отсега ќе бидат на товар на Фондот за здравство, а нема да се плаќаат приватно како досега. А на Универзитетската Клиника за урологија ќе биде отворен и оддел за реконструктивна урологија и андрологија.

А кога ќе се изврши првата операција за промена на полот на скопските клиники, зависи од обврските на д-р Ѓорѓевиќ и секако од подготвеноста на пациентот, кој треба да прима и хормонска терапија.

Проф.д-р Ѓорѓевиќ е еден до најдобрите специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија во регионот и веќе неколку години соработува со приватната болница Аџибадем Систина во Скопје, каде веќе има извршено операција за промена на полот кај трансродово лице.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...