Условната казна од една година затвор не го исплаши Шеќерим Ахмеди, познат како Ел Чека. Тој денеска повторно објави прислушувани материјали во кои главни ликови се високи функционери на ДУИ кои, според него, се вклучени во омаловажувачки дејствија, a се истакнува и случајот со убиството на Харун Алиу.
Разговорите се водат помеѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети со Талат Џафери, Блерим Беџети и Муса Џафери.
Кичевскиот суд во минатата недела го осуди Ахмеди на една година условна казна затвор, доколку во наредните две години не стори ново кривично дело.