Коледарските огнови вечерва се разгореа на повеќе локации во Скопје и покрај апелите од МПЦ, Град Скопје и Владата граѓаните да се воздржат од палењето огнови вечерва.
Граѓаните велат дека тоа е традиција и нема да се откажат од неа, па со греана ракија и посна трпеза, делеа колачиња со паричка и оваа година.
Градските власти во Скопје годинава решија да не донираат дрвја за коледарските огнови. И тие и од Министерството за животна средина апелираа да не се палат огнови вечерва за да не се загадува дополнително амбиенталниот воздух.