И поименично со 80 гласа донесена потребата за измени на Уставот

2737

По електронското гласање пратениците и со поименично гласање со 80 гласа или двотретинско мнозинство ја изгласаа потребата од измени на Уставот.

– Од изброените гласови поединечно се потврди претходното гласање 80 за и три против. Констатирам дека Собранието ја донесе одлуката за пристапување на измени на Уставот – рече претседателот на Собранието Талат Џафери.

Собранието го донесе и заклучокот со кој Владата во рок од 15 дена треба да ги подготви нацрт уставните амандмани.

На поименичното гласање за измени на Уставот од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за гласа Владанка Авировиќ, Нола Исмаили, Елизабета Канческа Милеска, Крсто Мукоски, Зеќир Рамчиловиќ, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Емилија Александрова.

Впечатливо е дека половина од пратениците од ВМРО- ДПМНЕ кои гласаа за пристапување кон устевните измени се засегнати со судски процеси. Арнаудов, Василевски и Мукоски се обвинети за 27 април, Канчевска Милевска е обвинета во предметот „Тендери“, додека синот на Авировиќ е осуден, но не правосилно во предметот  „Труст“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...