И Памела Андерсон го зграпчи пехарот на Мундијалот

688

Иако пехарот на Светското првенство во фудбал е наменет само на освојувачите, хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ не е единствената која „незаслужено“ го зела. И познатата актерка Памела Андерсон ја имала таа привилегија.

Секси „ Чуварката на плажата“ како што пишува британскиот „Сан“, го предводела тимот на француските навивачки на стадионот Лужники во Москва, бидејќи таа сега е девојка на францускиот репрезентативец Адил Рами.

Така платинестата плавуша се пофали и се фотографира со познатиот пехар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...