И опозицијата дојде на Уставната комисија во Собранието

2035

Во секој момент се очекува да почне Комисијата за уставни прашања на Собранието на која на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, обврска што произлегува од преспанскиот договор.

Седницата требаше да почне во 12 часот, но се уште во салата не се влезени сите членови на Комисијата. И покрај шпекулациите дека е можно членовите од опозицијата да ја бојкторираат, во салата пред малку дојдоа Трајко Велјановски и Антонио Милошоски од ВМРО – ДПМНЕ. Сепак, останува отворено дали пратениците од опозицијата ќе останат на седницата, или пак ќе имаат само кусо излагање по кое не е исклучена можноста да ја напуштат денешната расправа за што засега нема потврда.

Извештајот од Комисијата за уставни прашања повторно треба да се најде на пленарна седница следната недела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...