
Владата на денешната редовна седница го разгледа конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2016 година на Министерството за култура.
Притоа констатираше дека истиот од страна на Државниот завод за ревизија е доставен до Основното јавно обвинителство.
Истовремено, Владата го задолжи Министерството за култура да изготви Акциски план со точно дефинирани рокови и носители за имплементација на дадените препораки од Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на регуларност за 2016 година во функција на надминување на утврдените состојби, и истиот во рок од 30 дена да го достави до Владата на Република Македонија и до Државниот завод за ревизија.