Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ по посетата на Пекинг оцени дека Кина е земја што стои на браникот на светот на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Белград.
– Во Кина се борат коронавирусот да не ги загрози социјалните реформи и растот, затоа што Кина е втора економија во светот. Кина е на браникот на светот од вирусот, да не е Кина и мерките на предострожност, се би било поинаку – изјави Дачиќ а ТВ Пинк.
Дачиќ не ја исклучи можноста коронавирусот да е дел од специјалната војна против Кина и потсети на паниката што преовладува во некои земји каде што бројот на пациенти е помал отколку во Кина, оценувајќи дека земјата „сериозно го сфатила проблемот“.
– Благодарение на ригорозните мерки, 29.000 од 70.000 заразени веќе се излечени. Тоа е голем успех – рече Дачиќ, истакнувајќи дека сите активности во Кина се плански осмислени.
Илустрирајќи ја сериозноста на пристапот во заштита и превенција од ширење на коронавирус, Дачиќ рече дека не му било дозволено ниту да прошета низ центарот на Пекинг, нагласувајќи дека немало ракувања на состаноците и дека на српската делегација понекогаш им е мерена температурата што е главен показател за заболувањето кога е над 38 степени.
Фото: EPA/ANDREJ CUKIC