На снимка од вештачењето спроведено на 14 јуни годинава за настаните во Собранието од 27 април 2017 година се гледа како лице од толпата го повлекува пратеникот Зијадин Села, а други лица го фаќаат и почнуваат да го тепаат. Од снимката, како што рече обвинителката Ивана Трајчева на денешното судење, може да се види дека по Села удирале и обвинетите Мунир Пепиќ и Вилијам Михајловски.
Адвокатката на Пепиќ даде приговор на коментарот на обвинителката, велејќи дека не се гледа никаков контакт на Пепиќ и Села.
Приговор дадоа и обвинетите Пепиќ и Михајловски, посочувајќи дека не го удирале Села.