И Коце Трајановски бил во брак од интерес со невенчаниот на Мила Царовска

11313

Градот Скопје ги отфрла, како што велат, невистините изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во однос на соработката со компанијата ФЛАЈ КЕМ ДООЕЛ Скопје, во која опозицијата обвини дека фирмата на партнерот на министерката Мила Царовска, добила тендер во вредност од милион денари. 

Демантот од град Скопје на тврдењата на портпаролот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ Димче Арсовски го пренесуваме интегрално:

„Сакаме да ја информираме јавноста дека нашата соработка се заснова на јавен повик за јавна набавка распишан од Градот Скопје, која е помината низ сите законски постапки и спроведена јавна набавка на која можат да учествуваат сите компании кои ги исполнуваат условите.

Град Скопје ја уверува јавноста дека сите законски прописи се запазени и дека нема никаков простор за сомнежи и шпекулации, а воедно апелира до сите компании и приватни лица, доколку имаат какви било забелешки и индиции дека постои некакво прекршување на законот, истото да го пријават до надлежните институции.

Станува збор за Јавна набавка за изнајмување на опрема за висинско набљудување на терен, диви депонии и останати зони во градот, која е целосно легална и постапката за истата е извршена согласно сите законски норми. Оваа јавна набавка е во зголемување на техничките можности на Инспекторатот на Град Скопје во мапирањето на диви депонии, а во насока на подобрување на животната средина и борбата против создавањето на диви депонии.

Посочената компанија која е избрана на јавниот повик е компанија со која Град Скопје има соработка и во минатото, поточно во 2016 година, кога истата по пат на јавна набавка е избрана за Изработка на видео документација за тековни инвестициони и инфраструктурни проекти на Град Скопје. За потсетување, во 2016 година градоначалник на Град Скопје и потписник на овој договор е Коце Трајановски, градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ “, велат од Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...