Кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари се фати за метла, но не за да ги проветри кадрите од локалната администрација, туку заедно со нив и со граѓаните да го исчистат Кичево.
Дехари за чистката на градот се пофали на Фејсбук. Тој претходно преку соопштение ги повика сите граѓани на Општина Кичево денеска да се приклучат на еколошката акција „За почисто Кичево“.