И италијанската министерка за одбрана денеска во Скопје

128

Министерката за одбрана на Република Италија Елизабета Трента денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, во рамки на која ќе се сретне со нејзиниот домаќин министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Како што соопшти македонското Министерство за одбрана, предвидено е министерките Трента и Шекеринска да имаат тет-а-тет средба, по што ќе следуваат разговори на двете делегации и изјавите за медиумите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...