И зетот на Трамп, со познати политичари и економисти, во Швајцарија ќе расправа за климата и Европа

99

Групата Билдерберг, на чии состаноци секоја година се собираат познати личности од европски и северноамерикански политички и економски кругови, ќе одржат состанок во швајцарскиот град Монтре за да разговараат за голем број теми, вклучувајќи ја Европа и климата.

Меѓу учесниците оваа година се Џарен Кушнер, зет и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, холандскиот премиер Марк Руте, германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаен, францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер, генералниот директор на Унеско – Одри Азуле, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер.

Околу 130 учесници од 23 држави потврдиле учество на 67-та средба Билдерберг што ќе се одржи од 30 мај до 2 јуни во Монтре.

На средбата ќе биде и холандскиот крал Вилем-Александар.

Од бизнис средините ќе бидат присутни шефот на француската корпорација Тотал, Патрик Пујане и директорот на банката Креди суис, Тиџејн Тиам.

Агендата на состанокот вклучува 11 теми, вклучувајќи ја и светската стабилност, иднината на Европа и брегзит, климатски промени, кибер-закани, Кина, Русија, иднината на
капитализмот и вештачката интелигенција. Околу две третини од присутните се од Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...