Управниот одбор на Здружението на судии, на телефонска седница одржана денеска, расправало, како што се соопштува, за состојба во Кривичниот суд во Скопје.
Од Здружението велат дека во потполност се согласуваат со соопштението до јавноста од страна на Основниот кривичен суд, при што најостро ги осудуваат сите видови на напади врз независноста на судството, интегриететот на судиите и нападите врз работата на кој било друг орган од судска надлежност, истовремено повикувајќи ги сите процесни чинители на „воздржаност“ и целосно почитување на законот во однос на нивното постапување.
„Управниот одбор уште еднаш ги осудува сите видови на опострукција на правдата и ги повикува сите надлежни институции во рамките на нивните надлежности да преземат конкретни активности во насока на обезбедување на принципот на владеење на правото и целосното функционирање на правната држава“, се наведува во соопштението на Здружението на судии.