И жонглер со моторни пили од вечерва на „Баскерфест“

Уличното шоу ќе помине низ неколку општини - на 15 и 16 јуни во Кочани, на 18 и 19 во Велес, на 20 и 21 во Штип, на 21 јуни во Македонска Каменица и од 22 до 24 јуни во општина Центар. 

229

На плоштадот „Македонија“ вечерва од 19 часот ќе почне 13. Фестивал на улични уметници „Баскерфест“ со дефиле на 20-тина учесници од земјава и од странство. Организаторите најавија повеќе од 20 точки на изведувачи од Јапонија, Аргентина, Шпанија, Франција, Индија, Бразил…, а посетителите, како и во минатите изданија, ќе имаат можност интерактивно да се вклучат.

На годинашниот „Баскерфест“ ќе учествуваат акробатот Енди Ди од Канада кој изведува акробации со огромен хулахоп, Мистер Ф од Франција, баскер-изведувач кој настапува со џиновски балон, Козани и Венди од Аргентина и Еспума Брума која оди на јаже, мајсторот на боречките вештини Хиро-Сан од Јапонија, Шпанецот Максимо Оптимо кој жонглира со моторни пили…

– Ќе имаме многу интересни содржини за сите возрасти. Плоштадот „Македонија“ шест дена ќе биде претворен во уличен театар под отворено небо со улични артисти, како и млади македонски музичари и светски баскер-бендови. За најмладите ќе има и детска едукативна работилница „Киндер парк“, едукативен пет-корнер за животни, како и неколку интеркативни игри – рече денеска на прес-конференција Сандра Темова од организаторите на „Баскерфест“.

Во склоп на фестивалот ќе има и интерактивни инсталации поставени на целиот плоштад, како и натпревар за креативни уметници- „Арт’Н’Крафт“. По повод претстојното Светско фудбалско првенство, ќе има спортски забавен корнер.

Авторот на инсталациите за деца, Горазд Христов, рече дека за најмладите ќе има најразлични игри и забава, како лулашка со гуми, голем кафез полн со балони, тунел на стравот… и, како и другите содржини на „Баскерфест“, во шесте фестивалски дена ќе почнуваат во 19 часот.

„Баскерфест“ неофицијално почна во четвртокот со карван од Охрид. Уличното шоу ќе помине низ неколку општини – на 15 и 16 јуни во Кочани, на 18 и 19 во Велес, на 20 и 21 во Штип, на 21 јуни во Македонска Каменица и од 22 до 24 јуни во општина Центар.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...