Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вели дека веќе има и други бизнисмени кои пријавиле рекет.
– Имам сознанија за други случаи, но не можам да ви кажам за колку лица се работи. Тие лица дадоа изјава и сега бараме докази за да ги потврдиме исказите – изјави Вилма Русковска за Дојче веле.