И денеска топло, од утре дожд и грмежи

382

Сончево и топло со слаб до умерен претежно северозападен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне, главно на североисток и северозапад, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 31 до 36 степени. УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.

Во Скопје слично време со температура до 34 степени.

Промена на времето се очекува од викендот кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени, особено во недела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...