Времето во земјава денеска ќе биде сончево со умерена облачност, со услови за краткотраен дожд на северозапад.
Утринската температура ќе се движи од шест до 13 степени, а дневната температура од 15 до 28 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно стабилно и суво. Утринската температура ќе достигне до осум степени, а дневната температура до 25 степени.
Од четврток попладне до петок до крајот на денот ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места, особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни.