Сончево и свежо со мала до умерена облачност, ќе биде денеска времето, а на крајот од денот на југозапад ќе има услови за појава на слаб дожд. Преку денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 8 до 15 степени, а дневната од 19 до 28 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната до 24 степени.