И денеска маратонско рочиште за „Тенк“

492

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски и денеска најверојатно ќе останат до вечерните часови во Кривичниот суд во Скопје каде се одржува рочиште за случајот „Тенк“ кој се однесува на набавката на блиндираниот мерцедес.

Рочиштето почна во 10.30 часот утрово, СЈО ги изведуваше писмените докази, а попладнево судењето продолжи со испитување на сведоците кои ги предложи одбраната.

Досега околу два часа сведочеше само еден од сведоците, поранеш шеф на службата за обезбедување во МВР.

По кратката пауза од десетина минути, во судница треба да сведочат уште двајца други сведоци кои ги предложи одбраната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...