И градинките ќе работат в сабота, на 14. декември

Министерството за труд и социјална политика ги информираше градинките да ги известат родителите дека згрижувањето на децата ќе се организира во еден од објектите на установата. Препорачано е родителите благовремено да бидат известени во кој објект ќе се врши згрижувањето на децата.

313

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 14. декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата, поради одлуката што ја донесе Владата тој ден да биде работен за вработените во државните институции, со што ќе се одработи 2. јануари 2019 година, што беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции.

– МТСП ги извести управите на градинките дека по донесената одлука од Владата на Република Северна Македонија на својата 167 седница дека 14. декември 2019 година, сабота, ќе биде работен ден за вработените во државните институции потребно е нејзино спроведување и од страна на јавните општински установи детски градинки. Согласно со одлуката, 14. декември 2019 година ќе се одработува за 2. јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции, се вели во соопштението од Министерството.

Од МТСП информираат и дека ги известиле градинките дека децата кои имаат потреба од згрижување на 14 декември треба да бидат прифатени во детската градинка и согласно тоа, ги задолжиле да направат организација за прием и згрижување на децата.

– Министерството за труд и социјална политика ги информираше градинките да ги известат родителите дека згрижувањето на децата ќе се организира во еден од објектите на установата. Препорачано е родителите благовремено да бидат известени во кој објект ќе се врши згрижувањето на децата, се додава во соопштението.

Според одлуката на Владата во сабота на 14 декември вработените во јавниот сектор ќе спроведат акција за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ со цел подигање на свеста за почиста околина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...