Заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија во САД, вчера го предаде официјалниот документ за ратификација на протоколот за пристапот на Република Северна Македонија во НАТО.
– Со тоа, во Германија постапката за ратификација за пристапување на Северна Македонија во НАТО е завршена – стои во денешното соопштение од Германската амбасада во Скопје.
Германскиот Буденстаг го ратификуваше протоколот за членство во НАТО на 6 јуни годинава.