И во „Титаник“ се бара изземање на Катица Јанева

360

Одбраната на обвинетите во предметите на СЈО и во предметот Титаник побара изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од случајот.

Адвокатот Еленко Миланов го поднесе барањето повикувајќи се на законските одредби за изземање поради сомневање во непристрасноста на јавните обвинители и наводна оштетеност на обвинителите од кривичните дела. Тој се повикуваше на законски членови од законот за СЈО, како и на членови од законот за јавно обвинителство (под кои подлежи СЈО ако нешто не е регулирано во неговиот закон) и од Законот за кривична постапка каде се регулира изземањето.

На ова реагираше обвинителката Лиле Стефанова која го води предметот и ги оцени овие како што рече во наводници процесно предлози само како обид да се изгуби уште еден ден предвиден за рочиште и да се одолговлекува постапката.

– Убедена сум во стручноста и професионалност на бранителите и знам дека ги познаваат законите токму затоа во дадениот предлог колегата Миланов не можеше да каже кој орган треба да ја изземе Катица Јанева – рече Стефанова.

Таа рече дека Законот за кривична постапка предвидува изземање дури и на Врховниот судија, но не и на јавниот обвинител.

Адвокатот Еленко Миланов даде контрареплика и во насока на тоа кој треба да одлучува за изземањето посичи дека јавниот обвинител одговара пред Советот на јавни обвинители и пред Собранието, но не е на одбраната и на судот да каже кој треба да одлучи.

Судот даде пауза од еден саат откако беше поднесено барањето.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, како и неговиот поранешен шеф на кабинет Мартин Протуѓер, екс генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, поранешните министри Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, градоначалникот на Пустец Едмонд Телемко, пратеникот Илија Димовски, како и Билјана Бришкоска Бошковски, Мунир Пепиќ, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...