На Никола Груевски кој избега да бара азил во Унгарија ќе му се суди во отсуство и за случајот „Титаник“ на СЈО кој се однесува на изборни нерегуларности.
Оваа одлука денеска ја соопшти судечкиот совет, откако на претходното рочиште тоа го бараше обвинителката Лиле Стефанова. На тоа, тогаш се противеше одбраната која предложи да се раздвои постапката за експремиерот.
Во отсуство на Груевски, судењето денеска продолжи со слушање на нови „бомби“. Почетокот на рочиштето доцнеше бидејќи се чекаше од затворот во Шуто Оризари да ги спроведат ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.
„Титаник“ не е единствениот предмет во кој на Груевски ќе му се суди во отсуство. Таква одлука судот донесе и за предметите „Траекторија“ и „Насилство во Центар“.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI