Првиот човек на Динамо, Здравко Мамиќ денеска ја дозна пресудата, но не ја слушна во судницата во Осјек, Хрватска, затоа што вчера отпатува за Босна и Херцеговина, поточно во Меѓугорје,јавуваат хрватските медиуми.
Судот го осуди Мамиќ на шест и пол години затвор поради штета нанесена на фудбалскиот клуб Динамо во износ од 15,5 милиони евра и за затајување на данок од 1,2 милииона. Делото, според пресудата, го сторил при трансфер на хрватските репрезентативци Лука Модриќ и Дејан Ловрен.
Покрај Мамиќ за кражба се осудени и неговиот брат Зоран на четири години и 11 месеци, директор на Хрватскиот фудбалски сојуз и поранешнен директор на Динамо, Дамир Врбановиќ на три години и даночниот инспектор Милан Пернар на четири години и два месеца затворска казна.
Судот пресуди и дека Мамиќ мора да врати околу седум милиони евра, а парите од сметката ќе му бидат земени откако пресудата ќе стане правосилна.
Мамиќ тврди дека не е во бегство бидејќи не е осуден и дека ќе се врати во Хрватска „кога ќе сака, тогаш“.
Минатата година на Мамиќ пукаа двајца маскирани напаѓачи.