На традиционалниот карневал во беровското село Ратево, меѓу гостите е и пратеникот Влатко Ѓорчев.
По правило, секој посетител на влезот во селото се исцрнува по лицето со саѓи, па таква судбина го чекаше и Ѓорчев.
Тој рече дека карневалот е убава повеќевековна традиција и доказ колку се длабоки нашите корени.
Според најавите, во Ратево денеска треба да се прикажат над 300 маскирани лица и да има околу 2.000 посетители. Галерија од карневалот можете да погледнете ТУКА.