И Боки 13 и Кичеец добија нови 30 дена притвор во Шутка

391

Прво и второсомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески Кичеец, добија ново продолжување од 30 дена на притворот. Одлуката ја донесе Кривичниот совет во Основниот кривичен суд на седница која се одржа денеска.

Двајцата се во притвор во затворот во Шутка од 15 јули, пред еден месец тие добија едно, а денешното е второ продолжување.

На решението на советот, одбраната има право да поднесе жалба до Апелацискиот суд.

Јовановски и Милески се товарат за примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 и за перење пари.

Кога двајцата првпат завршија во притвор, како што соопшти обвинителката Вилма Русковска, таа бараше ваква мерка по сите три основи: опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кое го води овој случај, ја прошири истрагата, а на списокот осомничени ја додаде и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која исто така заврши во притвор. Таа беше уапсена на 21 август.

Истрагата за случајот сѐ уште е во тек и се очекува дали ќе има евентуално ново проширување.

Досега за овој случај беа сослушани неколку обвинители од СЈО, пратеници, бизнисмени чии имиња се поврзуваа со Меѓународниот сојуз на осомничениот Јовановски итн.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...