И Блерим Река официјален кандидат за претседател на државата

418

Независниот кандидат, професорот Блерим Река и официјално е кандидат за  претстојните претседателски избори во Северна Македонија, соопштија од изборниот штаб на Река.

– За помалку од 15 часа Река го поддржаа илјадници граѓани, кои со повеќе од 11.000 потписи, ја потврдија силната поддршка на неговата кандидатура, сто и во соопштението.

Од штабот на Река им се заблагодарија на структурите на Алијансата за Албанците и на движењето Беса за придонесот и поддршката дадена за собирање на потписите.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...