И Антикорупциска ќе му покаже на Заев кого да „измете“

544

Во однос на пораките од Државната комисија за борба против корупцијата за непотизам и судир на интереси при вработувања, премиерот Зоран Заев рече дека дел од критериумите врз основа на кои ќе се направат најавените реконструкции се и укажувањата од Антикорупциска.

– Антикорупциската комисија беше јасна и гласна, тоа потврдува дека имаме систем, а тоа е најголемата вредност. Системот би бил систем ако постапуваме по него. Каде има влијание на одредни функционери и со тоа обесправиле граѓани во рамноправноста или во компетативноста за вработување ќе следува одговорност. Дел од критериумите за промените кои треба да се случат се и укажувањата од Антикорупциска – појасни премиерот Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...