ИЈЗ: Нови 5.654 заболени од грип, а над 22.071 регистрирани случаи сезонава  

141

Во текот на изминатата недела (од 17 до 23 февруари) се регистрирани 5.654 заболени од грип, што е за шест случаи помалку од неделата пред неа кога беа регистрирани 5.660 заболени, се наведува во извештајот што на својата веб страница денеска го објави Институтот за јавно здравје.

Во сезоната 2019/2020, вкупниот број заболени од грип изнесува 22.071.

Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, како што се посочува, изминатата недела пристигнати се 99 материјали за тестирање на грип. Од тестираните материјали, 55 (55,6 отсто) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца – кај 25 (45,5 отсто) е детектиран тип А (15 A/H3, 10 A/H1pdm), а 30 (54,5 отсто) се инфлуенца тип Б (16 Victoria и 14 неодредена линија).

Најголем број случаи (2.776) се пријавени во најголемата возрасната група односно лица на возраст од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 818,3 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст од пет до 14 години.

Оваа недела пријавени се случаи од 29 извештајни единици, од кои во 18 инциденцата е над неделната граница на средна сезонска активност. Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Скопје (1.065), додека највисока инциденца е регистрирана на територијата која ја покрива Подрачната единица Кратово со 135 пријавени случаи.

Во сезоната 2019/2020, вкупниот број заболени од грип изнесува 22.071.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...