Албанскиот премиер Еди Рама, судејќи по неговото политичко дејствување, се повеќе наликува на „албанскиот Милошевиќ“, се истакнува во анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) во Љубљана, и предупредува дека актуелната ситуација во Албанија најмногу загрижува, бидејќи постојат индикации за можна граѓанска војна.
Во најновата анализа на тој институт за актуелната состојба во регионот на Западен Балкан, аналитичари укажуваат дека во Албанија може да дојде до вооружен конфликт.
Патот кон стабилизација на ситуацијата во Албанија го гледаат во формирање на преодна влада, која ќе го подготви теренот за фер и слободни избори, затоа што, како што предупредуваат, во спротивно Рама ќе ја воведе Албанија во граѓанска војна.
– Бриселската администрација се смета за доста корумпирана, аналитичари и истражувачи често го наведуваат примерот на албанскиот премиер Еди Рама, кој на сомнителен начин, и кој се поврзува со корупцијата, успеа да оствари одредени недозволени влијанија во Брисел, се вели, меѓу другото, во анализата на ИФИМЕС.
Фото: EPA/EFE FILIP SINGER