Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Судан

136

Советот за безбедност на Обединети нации утре ќе одржи итна седница за ситуацијата во Судан, изјави портпаролот на мисијата на Русија во ОН Фјодор Стржижовски.

– Се очекува утре, по консултациите за Колумбија, да се разговара за ситуацијата во Судан – изјави рускиот дипломат.

Според претходните информации, САД и ЕУ побарале Советот за безбедност на ОН да се одржи зад затворени врати.

Суданската армија денеска ја собори власта на претседателот Омар ал-Башир, го суспендираше Уставот, го распушти Парламентот, Владата и локалните власти и прогласи тримесечна вонредна состојба. Формиран е воен совет, кој ќе владее со земјата две години.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...