Италијa не влезе во финалната четворка на Лигата на нациите

172
ФОТО: EPA / SERGEY DOLZHENKO
Ремито без голови со Португалија ја спречи Италија да се рангира за финалната четворка на првото издание на Лигата на нациите и ја продолжи негативната тенденција тимот да игра неубедливо на свој терен.
За првпат во својата историја, „азурите“ не успеаја да стигнат до победа во шест последователни домашни натпревари.
Серијата започна со ремито против Шведска (0:0) минатата есен, што ја лиши Италија од учество на Мундијалот 2018. Следеа реми против Украина, Полска, Холандија и Македонија, а синоќа тимот на Манчини регистрира уште еден „икс“.
За последно, четирикратните светски шампиони победија дома на 5 септември 2017 година- 1:0 против Израел во квалификациите за СП.
Загрижувачки е и друг факт – Италија има сериозен проблем со нападот. Тимот постигна само 11 гола во последните 16 натпревари. Само во дебито на Манчини „азурите“ се запиша повеќе од еднаш – 2:1 против Саудиска Арабија во контролна.
Во сегашниот состав на Италија најмногу голови во националниот дрес има Џорџо Киелини (8), следен од Чиро Имобиле (7) и Леонардо Бонучи (6).
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...