Италија протера Македонец поради тероризам

Според нив, македонскиот државјанин претходно е осудуван од судот во Сиена, регион Тоскана, поради семејно насилство и бил под надзор на полицијата. Припаѓал на парамилитарна организација активна во конфликтите на Балканот.

613

Италијанските власти протераа четири лица осомничени за тероризам, меѓу кои и еден македонски државјанин.

-„Четворицата странци, од нив еден Косовец (37) и еден Македонец (39), протерани се од Италија поради опасност по безбедноста на земјата. Еден од странците е Французин (28) кој го примил радикалниот ислам, додека другиот државјанин на Тунис (45)“, пишуваат албанските медиуми.

Според нив, македонскиот државјанин претходно е осудуван од судот во Сиена, регион Тоскана, поради семејно насилство и бил под надзор на полицијата. Припаѓал на парамилитарна организација активна во конфликтите на Балканот.

Подолго време бил следен и Французинот бидејќи бил на списокот на лица опасни за безбедноста на земјата.

Косовецот живеел во Болоња, бил приведуван поради насилство врз сопругата и децата при што и во затворската ќелија проповедал радикален ислам.

Државјанинот на Тунис исто така бил во затвор каде освен проповедањето радикален ислам бил поттикнувач и на конфликти во затворот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...