Италија не изгледа добро, загрижени се Италијанците кои живеат во Германија

„Тие ја ризикуваат иднината на нивната земја", размислува поголемиот дел од испитаниците во мини-анкетата на ДВ меѓу Италијанците, кои живеат во Германија.

265

Сѐ поголемата неизвесност во земјата ги оптоварува не само Италијанците туку и нивните сонародници во Германија. На актуелната ситуација повлечи-потегни во италијанската политика, повеќето од нив гледаат критички, пишува  Волфганг Дик за Дојче веле.

Кога Луција, Натале и Андреа во нивната сладоледџилница дознаа дека економистот Карло Котарели сега доби мандат за составување на владата во Рим, лицата малку им се осветлија. Но, преовладува скептицизмот. Котарели беше специјален ополномоштеник за ревизија на издатоците на  јавната администрација и претпријатијата во две влади предводени од социјалдемократите. „Сите политичари не прават ништо, па за кого тогаш треба да се гласа?”, прашува Лусија. Котарели и новите избори навистина нема да ги решат елементарните проблеми, стравуваат и повеќето други  луѓе со италијански корени во Германија со кои разговараше ДВ. Секогаш одново, станува збор само за пари и моќ.

Сè, само Берлускони не

Едни продаваат сладолед, други работат како занаетчии или имаат ресторани. Дел од Италијанците со кои говореше ДВ со децении живеат во Германија. Затоа и  повеќето од нив се проевропски настроени и на случувања во нивната земја на потекло гледаат критички. Тие не сакаат да поддржат некој како Берлускони.

„Начинот на кој Серџо Матарела делуваше како претседател беше токму оној исправниот”, вели Ѓанантонио. Гостилничарот кој се врати од посетата на Италија пред само два дена вели: „Таму во политичка смисла навистина не изгледа добро”. Карло Котерели и експертска влада навистина може да бидат само преодно решение.

Страшилото Меркел

Особено е застрашувачко што младите луѓе во Италија најрадо повторно би го избрале „Мусолини“. Ова  во малата анкета на ДВ може да се разбере само на еден италијански бизнисмен. Тој уште смета дека Ангела Меркел  со нејзините замисли и прописи ја задушува Италија. Затоа, земјата мора да ѝ го заврти гробот на Европа. Ова мислење меѓутоа во кратката анкета на расположението на германските Италијанци остана изолиран случај.

Серџо, друг сопственик на ресторан, не може да го разбере ова- – како впрочем и повеќето испитаници. „Толку долго имавме мир. За тоа можеме да ѝ заблагодариме само на Европа“. Затоа тој,  исто како и неговите италијански пријатели тука во Германија, гласал за Демократската партија (Partito Democratico).

„Тие ја ризикуваат иднината на нивната земја”, размислува поголемиот дел од испитаниците во мини-анкетата на ДВ меѓу Италијанците, кои живеат во Германија.

ФОТО: Викимедиа и Пинтерес

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...