Италијански весник објави видео како Боки 13 и Кичеец земаат пари од Камчев (ВИДЕО)

Третиот дел од прилогот е аудио-снимка во која се слуша разговор помеѓу Боки 13 и Камчев, кои зборуваат за тоа кога бизнисменот ќе биде ослободен.

8305

Италијанскиот весник „Ла Верита“ (La Verita) објави видео и аудио снимки од осомничените во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, како излегуваат со торба полна пари од домот на бизнисменот Орце Камчев.

Првиот дел од прилогот е видео материјал од броење пари, вториот е снимка од безбедносни камери како двајцата излегуваа од домот, додека третиот дел е аудио-снимка во која се слуша разговор помеѓу Боки 13 и Камчев за тоа кога бизнисменот ќе биде ослободен.

Во продолжение транскрипт од разговорот и прилогот кој го објавија Италијанците:

Бојан 13: Во понеделник ќе ве ослободат.
Орце: Добро..
Бојан 13: Вторник најкасно веројатно.Врховен ќе ве ослободи.
Орце: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник.
Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби..
Орце: А Апелација?!
Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикува автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го продужува, да го удолговлекува, понеделник, вторник вие сте на слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...