Интер го доби дерби против Борусија Дортмунд, а за успешна вечер на италијанските клубови во фудбалската Лига на шампиони се погрижи и Наполи, кој триумфираше на гости кај Салцбург.
Македонецот Елиф Елмас влезе во игра во 80. минута, при 3:2 за Наполи, и придонесе предноста да биде зачувана.
Ливерпул првпат после две години победи на гостување од групна фаза, Барселона со автогол кој си го дадоа Чесите освои три бода во Прага, а Меси стана првиот со голови во ЛШ 15 сезони по ред. Лил во 95-та минута се погрижи да има барем едно реми на денешните мечеви.
Резултати од вечерашните натпревари во 3.коло од фудбалската ЛШ:
Група Е:
Салцбург – Наполи 2:3
Генк – Ливерпул 1:4.
Група Ф:
Интер – Борусија Дортмунд 2:0
Славија Прага – Барселона 1:2.
Група Г:
Лајпциг – Зенит 2:1
Бенфика – Лион 2:1
Група Х:
Ајакс – Челзи 0:1
Лил – Валенсија 1:1.