Италијанските сенатори денеска му го укинале имунитетот на десничарскиот лидер Матео Салвини и со тоа отвориле пат за евентуално судење поради обвинение дека лани илегално ги задржувал мигрантите на море.
Одлуката на Сенатот овозможува да се поднесе пријава против Салвини поради одлуката за шестдневно задржување на повеќе од 100 мигранти на брод лани, додека чекал други земји од ЕУ да ги прифатат.
Салвини би можел да добие казна од 15 години затвор доколку го прогласат за виновен.
Салвини се обидува да извлече политички капитал од овој случај и рекол дека е подготвен да се соочи.
-Одлучив, спротивно на сопствените интереси, да одам на суд и да се потпрам на непристрасноста на правосудството – рекол Салвини.
-За разлика од други кои бегаат, јас не бегам и мирно ќе ја чекам пресудата. Првата од судот, а потоа и од Италијаните кога ќе излезат на гласање – додал Салвини.