Италијанскиот вицепремиер од Инстаграм дозна дека девојката му раскина

3163

Додека потпретседателот на италијанската Влада, Матео Салвини службено патувал кон Гана, неговата девојка Елиса Исоарди на Инстаграм попладнево објави крај на тригодишната љубовна врска.

Девојката на Салвини објави фотографија на Инстаграм од нив двајцата во кревет, под која напиша дека става крај на врската со потпретсеедателот на италијанската Влада. Раскинувањето стана топ тема и ги засени вестите кои се однесуваат на трагичниот биланс од невремето во Италија.

Исоарди (35), која е водителка на телевизиско ток шоу објави фотографија како Салвини спие со неа.

„Она што си го дадовме еден на друг нема да ми недостасува, туку она што можевме да си го дадеме. Со голема почит кон вистинската љубов, ти благодарам Матео”, е пораката на Исоарди.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...