Италијанската полиција во селото Алгеро, на островот Сардинија заплени 11 килограми хероин, што е најголема досега заплената количина од овој вид дрога, во последните петнаесет години во овој регион.
Дрогата била пакувана во пакетиња од по еден килограм, вакуумирани, залепени и скриени помеѓу камењата на стар ѕид, покрај морскиот брег.
Според италјанската полиција доколку дрогата би стигнала на нарко-пазарот, би достигнала вредност од осум милиони евра.
Италијанските медиуми наведуваат дека дрогата била произведена во Пакистан и според истражителите, минала преку Албанија и пристигнала во Италија, каде што еден дел бил продаден, а остатокот бил префрлен во Сардинија.
Полицијата се сомнева дека речиси иста колична, а можеби и поголема е продадена на мало.Истрагата продолжува.
ФОТО: Архива