Италијанската полиција го уапси шефот на Коза ностра

496
ФОТО: EPA / IGOR PETYX

Италијанската полиција го уапси новиот новиот шеф на сицилијанската мафија Сетимо Минео, како и уште 45 осомничени мафијаши.

– Со акцијата е зададен силен удар врз организираниот криминал на Сицилија – изјави денеска потпретседателот на италијанската Влада, Луиџи ди Мајо.

Полицијата потврди дека меѓу уапсените се наоѓа и 80-годишниот Минео, шефот на локалните мафијашки семејства во главниот град на островот, Палермо. Официјални претставници наведуваат дека Минео неодамна е именуван за генерален шеф на Коза ностра.

– Минео е избран за „наследник“ на Тото Рина по неговата смрт. Повеќе нема место за ваков тип на злосторници во Италија – напиша денеска Ди Мајо на Инстаграм.

Претходниот „шеф над шефовите“ Салваторе Тото Рина почина минатата година в затвор, во кој помина речиси 25 години поради издавање наредба за извршување на десетина убиства, вклучувајќи и убиства на најпознати италијански судии.

ФОТО: EPA / IGOR PETYX

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...