Исчистено ѓубрето кај Центарот за зависности

174

Општина Кисела Вода во соработка со невладините организации ХОПС и „Доверба“ спроведе голема акција за расчистување на отпадот одложен кај Центарот за зависности.

– Сезонските работници на општината извршија целосно расчитување на комуналниот отпад, додека членовите на невладините организации го исчистија медицинскиот отпад, соопшти прес-службата на Општина Кисела Вода.

Во соопштението се наведува дека локалната самоуправа продолжува со редовните активности за одржување на јавните површини на својата територија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...