Изминатиот период, вработените во Зоолошка градина Скопје, секојдневно работеа на чистење на езерата, како и уредување на нови зелени катчиња. По повеќе од 13 години беше исчистено големото езеро, а малите езерца добија пролетно чистење по есенската генералка, соопшто скопска ЗОО.
Од таму велат дека се засадени повеќе од 200 нови садници- врби, бадеми, лешници, малини како и повеќе видови цвеќиња. Од неделата, посетителите може да уживаат и во новото катче покрај езерото, каде што се наоѓа и „Бродот на радоста“, стои во соопштението.
– ЗОО Скопје ќе продолжи со зазеленување и разубавување на просторот за посетителите и животните. Наша цел е да направиме буквално шума во градот и се стремиме да станеме Еко ЗОО парк – изјави портпаролот на Зоолошка градина Скопје, Тина Мицковска.