Јован Ристов, раководител на Работната единица за хигиена и зеленило при ЈП „Комуналец”, информира дека во изминатиот период се стави крај на дивите депонии на улицата „Клинска” и кај спојот на улиците „Блажо Алексов” и „Ѓорѓи Соколов”, близу Белка зградите. Се чистеше и кај тениското игралиште на „Северен булевар”, но и на улицата „Ресавска”-запад.
Комуналните работници дејствуваа и на „Западен булевар”, под гробиштата, на улицата „Сутјеска”, како и на улицата „Рајко Жинзифов”, кај детските реквизити на „Голи оток”.
Исчистен е и нелегално оставениот смет во месноста „Коњски дупки“, на улиците „Црноречка” и „Ѓоре Брушански”. Отстранет е и дивиот отпад од кејот на реката Луда Мара во Ваташа, како и од мостот на улицата „Видео Смилевски”.
– Нашите секојдневни активности покрај другото, опфаќаат и редовна грижа за хигиената во општината. Така ќе продолжиме и во иднина. Се со цел еколошка животна средина – нагласува Ристов.