Исчекување за амнестија: Барањата пратени на мислење во обвинителството

142
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Сите барања за амнестија во предметите поврзани со 27 април 2017, од Кривичниот суд ги испратиле на мислење во јавното обвинителство.

– По добиеното мислење судот во законски утврдениот рок ќе донесе одлуки кои ќе бидат доставени до странките, а јавноста ќе биде благовремено информирана – велат од Кривичен.

Во предметот каде обвинети се 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста и двајца за помагање, речиси сите обвинети побараа амнестија.

Само петмина рекоа дека сакаат невиноста да ја докажат пред судот. Јане Ченто и во судница, но и со писмена изјава образложена во 10 точки го информираше Кривичен дека не сака амнестија, во судница на ист став кажа дека е и Игор Југ. Пејачот Игор Дурловски, исто така, е меѓу оние кои не побараа да бидат амнестирани, како и Митко Чавков и Душко Лазаров.

За разлика од нив, пак, сите останати сакаат амнестија, меѓу кои и петмината пратеници. И последниот уапсен за настаните од 27 април, екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски, побарал амнестија. Тој е осомничен за здружување заради непријателско дејствување односно за дело за кое не е предвидена амнестија.

Последната информација говори дека за сите предмети поврзани со „крвавиот четврток“ стигнале околу 64 барања за амнестија.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...