По два дена откако беше пријавен за исчезнат, 43-годишниот неготинец чие исчезнување ја вознемири тиквешката јавност, синоќа бил пронајден во Битола, заедно со своето возило.
Ова денеска за Плусинфо го потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Тој потсети дека во средата во 14,00 часот во Полициска станица Неготино беше пријавено дека средовечниот маж се оддалечил во непознат правец.
Во меѓувреме, тиквешката јавност се обидуваше да одговори на прашањето каде би можел да биде исчезнатиот, па можеа да се слушнат неколку приказни за можната причина за исчезнувањето.