Исчезнаа деца од „11-ти Октомври“ и “Ранка Милановиќ“

240

Во Полициска станица Центар, вчера во 20.20 часот воспитувач во Домот за деца без родители „11-ти Октомври“, пријавил дека на 27 август во 19.30 часот од домот во непознат правец се оддалечила 17 годишна штитеничка на домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во 15.30 часот во Полициската станица Гази Баба, вработен во ЈЗУ „Ранка Милановиќ“, пријавил дека на 26.08.2018 година од домот во непознат правец се оддалечиле нивни двајца штитеници на возраст од 12 и 13 години.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетниците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...